ЕВРОПОЛ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ ШВЕРЦЕРИ НА СТЕРОИДИ: Запленети 24 тони, уапсени 243 лица

Архива на СП

Европол во голема акција ширум Европа запленил 24 тони сирови стероиди во прав и затворил девет нелегални заборатории во кои се произведувале стероиди и други нелегални супстанци.

Операцијата, една од најголемите од таков вид, е спроведена во 33 земји, а резултираше со апсење на 234 лица и разбивање на 17 криминални групи.

Светската анти-допинг агенција учествуваше во операцијата во која е откриен трговски систем во кој спортисти, кои не се професионалци, користеле комплементарни кредитни картички и крипто валути за купување мали количини нелегални супстанци, од кои повеќето се испорачувани преку теретани и нерегулирани интернет аптеки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот