Маргаритис Шинас / Тејлор Свифт / Фото: EPA-EFE / KENZO TRIBOUILLARD / POOL / Принтскрин /Инстаграм

Европа ја моли Тејлор Свифт: Помогни ни да излезат младите на гласање

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, смета дека американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт би можела да биде клучна во охрабрувањето на младите да учествуваат на претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за јуни оваа година, пренесува „Политико“.

Шинас тврди дека младите најдобро можат да ги поттикнат своите врсници да учествуваат, а не комесарите. На прес-конференција во средата, тој изрази надеж дека Тејлор Свифт, која беше прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“, ќе ја поддржи оваа иницијатива.

– Имам големи надежи дека некој од нејзиниот ПР-тим ќе ја следи оваа прес-конференција и ќе ѝ го пренесе нашето барање – рече Шинас.

 


Ова не е првпат Свифт да покажe интерес за поттикнување на политичкото партиципирање на младите. Минатиот септември, таа се обиде да ги охрабри своите 272 милиони следбеници на Инстаграм да се регистрираат за гласање, што резултираше со повеќе од 35.000 нови регистрации според Vote.org, што е зголемување од 23 отсто во однос на претходната година.

Кариерата на Тејлор Свифт трае со години, обележана со бројни музички хитови, признанија и влијание на културата, пишува „Политико“.

И покрај претходните напори да се воздржи од политички изјави, Свифт го поддржа демократот Фил Бредесен на изборите во Тенеси во 2018 година, а во 2022 година изрази незадоволство од одлуката на Врховниот суд на САД за абортусот.

Шинас истакна дека Тејлор Свифт ќе ја започне европската турнеја напролет, со настап во Париз на 9 мај – Денот на Европа, непосредно пред изборите закажани за 6 и 9 јуни.

ФОТО | Тејлор Свифт е личност на годината на магазинот „Тајм“: Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот

„Тејлор Свифт и нејзиниот свет“: На Харвард ќе се учи за глобалното влијание на пејачката

„Не излегов од дома една година“: Тејлор Свифт проговори за инцидентот со озлогласениот телефонски повик на Канје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот