Еве зошто луѓето во Јапонија претпочитаат да спијат на под

unsplash

Додека во западната култура, спиењето во кревет е генерално нормално, во Јапонија големи се шансите да не најдете кревет во спалните соби.

Традиционалното спиење на подот не само што е одлично за заштеда на простор и пари, исто така се покажа дека има импресивни здравствени придобивки – ја подобрува циркулација на крвта, ги ублажува болките во грбот, помага за правилно држење на телото…unsplash

На многу луѓе им е многу тешко да се „одлепат“ од перницата и удобните кревети наутро. Меѓутоа, ако спиете на под, ќе спиете доволно, и ќе станете побрзо и полесно од едноставна причина – нема да „жалите“ по спиењето на тврдо.

Преминот од кревет на спиење на под може да биде одлично за вашиот буџет. Во просек, торшиме многу пари на душеци, и ако случајно не го изберете вистинскиот, следуваат дополнителни трошоци. Со спиење на под, можете да заштедите многу затоа што нема да ви треба душек или кревет.

Спиењето на под можеби е најтешката можна површина за спиење, и иако овој потег може да има многу предности, експертите велат дека сепак, не е за секого.unsplash

Ако страдате од алергии, избегнувајте да спиете на под бидејќи има повеќе прашина и генерална нечистотија што може да предизвика кивање.

Луѓето со проблеми со коските не треба да спијат на под, тоа може да ја влоши нивната состојба бидејќи предизвикува дополнителен притисок врз зглобовите. Со текот на возраста, подвижноста полека опаѓа, па затоа на некои постари луѓе може да им биде непријатно и тешко да легнат на под или да станат наутро.

Фактот дека Јапонија е една од земјите каде луѓето живеат подолго, навистина го отвара прашањето да размислиме за причините за нејзината вековна традиција на спиење на подот која многу луѓе сè уште ја практикуваат, пишува „Brightside“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот