Еве како The Rock ја изненади својата најстара обожавателка (ВИДЕО)

принтскрин

Бидејќи актерот Двејн Џонсон е познат по својата добродушност и симпатичност, неговите фанови не се изненадија премногу кога на социјалните мрежи се појави оваа снимка со она што тој го направи за својата најстара обожавателка.

Но, се изненади Мери Гровер кога нејзиниот омилен актер ја повика и и го честиташе роденденот со видео повик.

– Многу сум почестен што сте мој фан. Ви испраќам љубов и ви го честитам стотиот роденден. Многу сум среќен што сте се родиле. Сега можете да ја изедете тортата, да се напиете и да се забавувате – и порача популарниот The Rock откако и ја испеа песната и и испрати бакнежи.

Видео на денот