Еве како изгледаат лажните пораки од „Безбеден град“ – МВР предупредува да не се отвораат
Министерство за внатрешни работи денеска ги предупреди граѓаните дека се појавиле лажни пораки преку кои напаѓачи се обидуваат да прават „фишинг“, односно да дојдат до личните податоци на жртвите, преку СМС, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
Препорачано
Во пораките, испратени од „Оддел за моторни возила (MVR)“, граѓаните лажно се известуваат за сторен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“, а особено е важно тие да не го кликаат лажниот линк за уплата кој е прикажан, велат од МВР.

Од Министерството апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при користење на интернет и да не отвораат сомнителни линкови и пораки, како и никогаш да не споделуваат лични податоци, вклучително и броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали.
Дополнително, граѓаните се советуваат да ја проверуваат адресата на испраќачот, бидејќи официјалните институции користат исклучиво службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во својата банка.
Од МВР појаснуваат дека СМС известувањата за направен сообраќаен прекршок се испраќаат исклучиво од испраќач „MVR-SC“, при што пораката задолжително содржи регистарска ознака на возилото и линк од форматот: **https://safecountry.mvr.gov.mk/**…


