Евакуација на гратче во Велика Британија: Полицијата им нареди итно да ги напуштат домовите

Полициско возило во Лондон / Фото: Архива

Британската полиција денеска наредила евакуација на едно мало гратче со 6.500 жители во северозападниот дел на Англија.

Наредбата за евакуација следувала поради страв дека може да дојде до колапс на блиската брана која била оштетена од обилните дождови, пренесуваат локалните медиуми.

Жителите на малиот град Вејли Бриџ треба веднаш да ги напуштат своите домови поради сериозна закана по нивните животи, соопшти локалната полиција.

Граѓаните на ова место кое е лоцирано 280 километри северозападно од Лондон се советуваат наредните неколку дена да се засолнат кај свои пријатели или роднини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот