Животот на Ева Рас го одбележаа трагедии: По осум бремености ја родила ќерката Круна – ја изгубила под неразјаснети околности

Ева Рас
Фото: Инстаграм

Српската актерка Ева Рас, во една пригода за себе изјави: „По Божја волја сум губитник на овој свет“. Нејзиниот живот го одбележаа трагедии, од кои најголемата е загубата на единствената ќерка Круна, кога девојката имала 24 години.

Актерката Ева Рас (80) и сликарот Радомир Стевиќ-Рас долго време сакале потомство, но ѝ успеало да одржи само една бременост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dejanbegovic (@dejanbegovic)


Не можев да имам повеќе деца. Осумпати во животот бев бремена, а седумпати заврши со спонтан абортус. Имав 40 години кога Рас почина и тоа заврши – раскажала во една пригода Ева и истакна дека еднаш доживеала спонтан абортус при снимање на филмот „Човекот не е птица“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vampir the Film (@vampirthefilm)


По шест години брак ја добивме ќерката Круна, на 9 јануари 1969 година. Ние цело време сакавме да имаме деца, ама јас ги губев бебињата. Еднаш, баш кога имав спонтан, го снимав филмот „Човекот не е птица“ во Бор. Право од болницата „Народен фронт“ седнав во кола и отидов во борскиот рудник, се качував на оџак, возев локомотива, а крвавев – открила актерката.

Нејзиниот сопруг починал на 22 ноември 1982 година, а девет години подоцна Ева остана и без единствената ќерка. Имено, Круна студирала во Париз, а нејзината смрт настапила ненадејно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)


Тој ден требаше да одам на премиера во Суботица и чекав по мене да дојде автомобил. Ми ѕвонеше интерфонот и велам „веднаш ќе слезам долу“, а тие мене ми одговорија: „Не, ние ќе дојдеме кај вас“. Тројца полицајци дојдоа во мојот стан и ме прашаа дали ќерка ми била во Париз, а јас им реков: „Па таа сега е таму“, а тие мене како од пушка: „Па таа почина!“. Така дознав – со болка раскажува актерката.


Секако, тие не знаеја ништо за тоа, туку ме пратија да одам во Министерството за надворешни работи тие да ми кажат. Но, и таму ништо не знаеја. Па портирите ми рекоа, веројатно за да ме утешат: „Ако никој ништо не знае, можеби вашата ќерка е жива.“ Тоа некако ме држеше во надеж дека навистина е жива. На крај, по три дена, во полицијата во Лермонтова ми рекоа дека починала. Тоа беше на 3 јули 1993 година. Одвај успеав, со помош на министерот за надворешни работи и со уште некои луѓе, да го земам телото на Круна и овде да ја погребам. Со ковчегот добив и наод од обдукцијата, француската полиција не открила ништо и запишале дека починала од природна смрт. Подоцна зборувавме со некои пријатели дека е можно во Париз да се вплеткала во некои мрачни работи, политика и затоа полицијата така напишала во извештајот. Но, мојот кум Миленко Вучетиќ, писателот, ми рече дека раскажувам дејство како од филмот „Никита“ и тоа нема врска со реалноста. Не знам, Бог така сакал –раскажала еднаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Nalbantjan (@alekphoto77)


Актерката често со гордост зборува за својата ќерка.

Она што никој не може да го негира е дека Круна Рас беше најмладата српска писателка, која од седум до дванаесет години објави три книжевни ремек-дела – раскажала еднаш таа.

Ева во една пригода истакнала дека поради сите трагедии што ѝ се случиле, не може да гледа на животот површно и дека смета дека утеха не постои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milivoj (@vas.milivoj)


Бидејќи го погребав целото семејство, не можам површно да гледам. Нема утеха. Утеха ќе ми биде кога ќе им се придружам. Тоа го чекам секој ден, но секој ден се будам. Никогаш немав план да живеам толку долго. Ја со Божја волја сум губитник на овој свет – вели актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот