Ненад Костески/фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на Тинекс Пролет

Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Тинекс Пролет со 37:25 во рамките групата „Б“ од македонската Супер лига. Мечот немаше никакво резултатско значење бидејќи Еурофарм секако беше првопласиран, а Тинекс Пролет втор во групата.

Првото полувреме мина во максимално ефикасна игра на двете страни, откако по почетното водство на домаќините, Џонов и Палевски донесоа предност на Тинекс Пролет од 2:1. Нешто подоцна Пролет имаше и водство од 6:4, контролирајќи го резултатот во голем дел од првото полувреме.

Еурофарм Пелистер за момент поведе со 14:13, но Лембанов во тие моменти реши да земе тајмаут, неговите ракометари ги послушаа советите, па следеше нов пресврт и со голот на Јагуриновски тимот на Тинекс Пролет заврши на одмор со предност од 18:17.

Контролата над играта и над резултатот траеше и во првите 10 минути од второто полувреме. Последното водство на Тинекс Пролет гласеше 20:19, а дуелот беше израмнет само до 22:22, по 10 минути игра во вториот дел. Отпорот беше скршен со четирите гола во серија што битолчани ги постигнаа во овој дел од мечот, по што следеше огромен пад во играта на Тинекс Пролет, што актуелниот вицешампион на Македонија го искористи за да стигне до двоцифрена победа.

За Еурофарм Пелистер доминираше Костески со девет голови, а на спротивната страна Џонов, Јагуриновски и Палевски постигнаа по пет гола за Тинекс Пролет. Во истатаа група Тиквеш славеше против Голден Арт на гостински терен со 24:27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот