Еурофарм Пелистер во деби настапот на завршниот турнир во СЕХА лигата го освои третото место

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистерво својот дебитантски настап на завршниот турнир во СЕХА лигата го освоија третото место откако славеа над Нексе со 27:23.

Битолчани во петокот загубија од Веспрем, а денеска успеаја со одлична игра во второто полувреме да го победат хрватскиот тим.

Воведните минути им припаднаа на ракометарите на Нексе кои ја одржуваа предноста од два гола, се до 20 минута кога со двата гола на Суси, Е. Пелистер дојде до израмнување 7:7.

Две минути подоцна Е. Пелистер за прв пат поведе откако од седум метри погоди Усама Хосни. Падот на концентрацијата во последната минута од првото полувреме во која влегоа со плус еден, ги чинеше два лесни гола и минимална предност на Нексе по 30 минути игра (12:13).

Битолчани одлично го започнаа второто полувреме, Танковски, Ојлевски и Радовиќ носат предност од 15:14, а по четвртиот одбранет седмерец на Лесјак, Е. Пелистер поведе со 17:14. Одличната игра во одбраната и овозможи лесни голови на битолчани, и по голот на Пешевски на девет минути до крајот, Е. Пелистер за прв пат поведе со пет гола разлика (24:19).

Во финишот, битолчани со рутинска игра ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 27:23. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Хосни со шест и Радовиќ со пет, додека кај Нексе се истакна Јелиниќ со четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот