ЕУЛЕКС: Во општините на север мирно, сите напори се насочени кон деескалација

Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека моменталната состојба во општините на север е мирна и дека сите напори во моментов се насочени кон деескалација, пренесува РТВ. Вака Мисијата одговори на прашањето на Танјуг за актуелната состојба во општините на северот на Косово со мнозинско српско население.

Како што наведоа, помал број луѓе во моментов се собираат пред општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и повторија дека сите напори се насочени кон деескалација.

„Ова е неопходно во интерес на безбедноста на Косово и благосостојбата на сите негови заедници“, се наведува во писмената реакција на ЕУЛЕКС.

На прашањето каде се избрани градоначалниците на изборите во април, тие изјавија дека треба да се праша – градоначалниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот