ЕУ забрани увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос

овошје
Овошје, фото: Архива

Земјите-членки на Европска Унија синоќа се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос, пестицид кој е штетен по човековото здравје.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе следи забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.

По тримесечниот преоден рок секое увезено овошје со поголема количина на пестицидот од дозволеното ќе биде забрането да се продава во ЕУ.

Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради „евентуалниот генетички ефект, како и неуролошкиот ефект во текот на развојот на децата”.

Хлорпирифосот се употребува за да се спречат инсектите да го оштетат производот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот