ЕУ суспендира летови од Јужна Африка поради новиот сој

Патување во време на пандемија на коронавирус / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Земјите-членки на ЕУ се согласија времено да бида прекинати патувањaта од Јужна Африка кон Унијата, откако беше откриена нова варијанта на коронавирусот, објави словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, пренесува Политико.

Комитетот, кој обединува здравствени работници од 27 земји-членки, „се согласи за потребата да се активира сопирачката за итни случаи и да се воведат времени ограничувања за сите патувања од Јужна Африка до ЕУ, соопшти словенечкото претседателство на Твитер.

Сите земји-членки, исто така, се повикани да ги тестираат сите патници кои доаѓаат од тие држави и да воведат задолжителен карантин. Претходно, Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да се прекинат летовите од Јужна Африка и другите земји каде што е откриена нова варијанта на коронавирусот.

Авиосообраќајот со овие земји треба да биде суспендиран додека не дознаеме каква опасност претставува новата варијанта. Патниците кои се враќаат од овие области мора да ги почитуваат строгите правила за карантин, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот