ЕУ со реакција кон Полска: Законот за медиумите е негативен сигнал

Протести во Варшава против новиот закон за медиуми во Полска/Фото: Jaap Arriens / ddp USA / Profimedia

Европска Комисија денеска го критикуваше полскиот закон за ограничување на странската сопственост врз домашни медиумски компании, што беше усвоен од Долниот дом на Парламентот, пренесува Јуроњуз.

„Плурализмот во медиумите и разновидноста на мислењата се она што силните демократии го поздравуваат, а не борбата против нив. Полскиот нацрт-закон за емитување испраќа негативен сигнал“ напиша на Твитер потпретседателката на ЕК, Вера Јурова.

Полските пратеници синоќа го усвоија нацрт-законот со 228 гласови „за”, 216 „против”, а 10 беа „воздржани”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот