Жртви во бранот протести во Иран/Фото: AFP / AFP / Profimedia

ЕУ ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

ЕУ додаде 15 ирански владини функционери и шест организации на својата листа на санкции поради нивната улога во „сериозни прекршувања на човековите права“ за време на задушувањето на протестите. Меѓу санкционираните се и иранскиот министер за внатрешни работи, Ескандар Момени, како и повеќе команданти на Револуционерната гарда, високи полициски и безбедносни службеници.

Европската Унија ја стави иранската Исламска револуционерна гарда на листата на терористички организации, со што стави крај на повеќегодишните поделби околу ова прашање, како одговор на бруталната репресија на режимот врз демонстрантите, објави „Гардијан“.

– Репресијата не може да остане без одговор. Секој режим, што убива илјадници сопствени граѓани, работи кон сопствената пропаст – изјави во четвртокот високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.

Претседателката на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Иран, Хана Нојман, оцени дека ставањето на Исламската револуционерна гарда на листата е „долго задоцнет политички сигнал дека масовното насилство и транснационалната репресија повеќе нема да останат без одговор“.

Во соопштение таа истакна: „Оваа одлука не е само симболична. Таа носи многу конкретни правни последици: замрзнување на имотот, а секоја финансиска или материјална поддршка станува кривично дело“.

Ајатолахот Хамнеи го обвини Трамп

ЕУ додаде и уште 15 ирански владини функционери и шест организации на својата листа на санкции поради нивната улога во „сериозни прекршувања на човековите права“ за време на задушувањето на протестите. Меѓу санкционираните се и иранскиот министер за внатрешни работи, Ескандар Момени, како и повеќе команданти на Револуционерната гарда, високи полициски и безбедносни службеници, се наведува во соопштението на ЕУ.

Меѓу санкционираните субјекти се и Иранската регулаторна агенција за аудиовизуелни медиуми, како и неколку софтверски компании вклучени во активности на цензура, како што се кампањи за тролање на социјалните мрежи, ширење дезинформации и нарушување на пристапот до интернет.

Со најновите мерки, ЕУ досега санкционирала 247 поединци и 50 правни субјекти поради прекршувања на човековите права. Посебни рестрикции, вклучително замрзнување на имот и забрани за патување, се воведени и против ирански лица и организации кои ѝ помагаат на Русија во војната против Украина.

Долго дискутираната одлука на ЕУ за прогласување на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика Техеран да преговара за иднината на нуклеарната програма или да се соочи со можен воен удар. Тој на социјалните мрежи објави дека „масивна армада“ е на пат и подготвена да ја изврши својата мисија „со брзина и со насилство, доколку е потребно“.

Израел бара од ЕУ да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

Администрацијата на Трамп оваа недела ќе биде домаќин на високи одбранбени и разузнавачки претставници од Израел и од Саудиска Арабија на разговори посветени на Иран.

Трамп претходно овој месец се воздржа од најавените воени удари врз Иран, по повиците за воздржаност од земјите од Персискиот Залив и предупредувањата од Израел дека му е потребно повеќе време за подготовка за можни одмазднички напади.

Организациите за човекови права предупредуваат дека репресијата во Иран достигнала драматични размери, со можни над 30.000 жртви во последниот бран насилство. Според нив, иранските власти водат систематска „кампања на одмазда“, при што лекари и здравствени работници се соочуваат со најтешки казни зашто им пружале помош на тешко повредени демонстранти.

Токму ваквите случувања ја забрзаа одлуката на Европската Унија да ја прогласи Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, чекор што стана можен откако Франција се откажа од своето долгогодишно противење.

Иран остро реагираше на одлуката на ЕУ, оценувајќи ја како сериозна стратешка грешка што, според Техеран, дополнително го подгрева ризикот од поширок конфликт.

Во исто време, потегот на Брисел го зголеми притисокот врз Обединетото Кралство, кое сè уште се воздржува од формална забрана на Револуционерната гарда. Британската влада најави можни законски измени, но предупреди дека целосната забрана би можела да има претежно симболичен ефект и да доведе до дипломатски последици, како протерување на британски претставници од Иран.

ВИДЕО | Иранските сили смртно ја застрелаа познатата инфлуенсерка Дијана Бахадор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот