ЕУ го одобри 19-тиот пакет санкции против Русија
Европската унија (ЕУ) го усвои 19-тиот пакет санкции против Русија, дополнително насочени кон руската трговија со нафта, потврди утрово високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, со оценка дека „на рускиот претседател Владимир Путин му е сè потешко да ја финансира војната“, пренесуваат медиумите.
Препорачано
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави одлуката на ЕУ, како и одлуката на САД за санкции против Русија објавена синоќа, како „многу важен чекор“.
Најновите санкции на ЕУ се насочени кон руските банки, крипто берзите и субјектите во Индија и Кина.
„ЕУ го ограничува движењето на руските дипломати за да се спротивстави на обидите за дестабилизација“, рече Калас.
„На Путин му е сè потешко да ја финансира војната“, додаде таа.
Санкциите на САД и ЕУ против Русија претставуваат „многу важен“ чекор, изјави Володимир Зеленски денес по пристигнувањето на европскиот самит во Брисел.
„Го чекавме ова, се надеваме дека ќе успее, многу е важно“, истакна Зеленски.
Одлуката за нов пакет европски санкции доаѓа еден ден откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека воведува нови санкции против руската нафтена индустрија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


