ЕУ го обвини Епл за кршење на антимонополските правила

Фото: ЕПА

Европската унија изрази загриженост дека „Епл” ги принудува програмерите кои продаваат дигитална содржина да го користат системот за внатрешно плаќање на „Епл”, кој наплаќа 30 проценти провизија за сите претплати.

Регулаторите на Европската унија денеска ја обвинија американската компанија „Епл” за кршење на антимонополските правила на европскиот блок и за нарушување на конкуренцијата во областа на стримингот на музика.

Европската комисија соопшти дека се спротивставува на начинот на деловното работење на „Епл”, бидејќи таквиот модел на крај ќе ги чини потрошувачите и ќе го ограничи нивниот избор.

Европската унија изрази загриженост дека „Епл” ги принудува програмерите кои продаваат дигитална содржина да го користат системот за внатрешно плаќање на „Епл”, кој наплаќа 30 проценти провизија за сите претплати.

Истрагата исто така утврди дека овие такси на крајот се „префрлаат” на потрошувачите.

Истрагата следеше по поплаките од популарниот музички стриминг сервис Спотифај.

ЕУ исто така изрази загриженост дека „Епл” ги спречува програмерите да ги информираат корисниците за поевтини начини на плаќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот