ЕУ донесе одлука: Не го признава Гваидо за претседател на Венецуела

Од спорните избори во 2018 година до денес, САД и Велика Британија го признаваат Гваидо за шеф на државата, и покрај фактот што Мадуро беше реизбран.

Владите на 27-те земји-членки на ЕУ веќе не го признаваат Хуан Гваидо за легитимен претседател на Венецуела откако ја загуби лидерската позиција во парламентот на таа земја, но тие не го признаваат ниту сегашниот шеф на државата Николас Мадуро.

Од спорните избори во 2018 година до денес, САД и Велика Британија го признаваат Гваидо за шеф на државата, и покрај фактот што Мадуро беше реизбран.

Во соопштението од седиштето на ЕУ денес се закануваат дополнителни санкции за Венецуела за кршење на правата и отсуство на демократија, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот