Етна повторно исфрла лава

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на Сицијалија, од синоќа повторно еруптира и исфрла лава. Според италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) во Катанија на Сицилија, фонтаната од лава се издигнала до надморска височина од 6.000 метри и го осветлила ноќното небо на истокот од островот.

Во три села на Сицилија е забележан дожд од пепел. Според ИНГВ, состојбата се смирува и не се очекуваат нови поголеми ерупции. Вулканот Етна последен пат еруптираше во средината на ноември годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот