Ердоган телефонски разговорал со емирот на Катар за ситуацијата во Појасот Газа

Реџеп Таип Eрдоган / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговарал со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Тани за повеќе регионални теми, вклучително и за ситуацијата во Појасот Газа, јавува агенцијата Анадолија.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопштило дека Ердоган и Ал Тани разговарале за односите меѓу Турција и Катар, глобалните и регионалните прашања, нападите на Израел врз Газа и хуманитарната криза во палестинската енклава.

Ердоган рекол дека исламскиот свет треба да ги зголеми своите напори во единство за да ги запре бруталните напади на Израел и да го казни за злосторства против човештвото.

Ердоган изјавил дека е од витално значење да се ограничи Израел што е можно поскоро и да се дејствува со здрав разум за да се спречи ширење на тензиите во регионот.

Ердоган и катарскиот емир Ал Тани размениле и честитки по повод Рамазан Бајрам, пренесе Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот