Ердоган со порака до Зеленски: Турција е подготвена да биде посредник меѓу Киев и Москва

Ердоган / Фото EPA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.

Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да се „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и дасе обезбеди траен мир, јавија турски медиуми.

„Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, нагласил турскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот