Ердоган помогнал Фенербахче да потпише договор со Канте по завршувањето на преодниот рок
Фенербахче доцна синоќа конечно ја затвори трансфер-сагата и го ангажираше Н’Голо Канте од Ал-Итихад, а турскиот гигант денеска јавно се заблагодари на една од клучните фигури за реализација на зделката, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Препорачано
Трансферот на францускиот играч за врска првично беше доведен во прашање поради административен пропуст од страна на Ал-Итихад, кој погрешно го пополни ФИФА ТМС-системот (системот за управување со трансфери). Поради тоа, ФИФА го стопираше договорот, а Фенербахче вчера излезе со официјално соопштение во кое ги објасни причините за застојот.
Турскиот клуб веднаш поднесе жалба, на која ФИФА реагираше експресно. Откако од Ал-Итихад беше доставена коректно пополнетата документација, трансферот доби зелено светло.
Денеска Фенербахче објави ново соопштение, потпишано од претседателот на клубот, Садетин Саран, во кое беше истакната големата благодарност до турскиот претседател за неговата поддршка.
„Нашиот клуб успешно го реализираше трансферот на еден од најважните фудбалери на светската сцена, Н’Голо Канте. Во мое име и во името на Фенербахче, му изразувам искрена благодарност на претседателот на Република Турција, господинот Реџеп Таип Ердоган за значајната поддршка што ја пружи со цел овој процес, кој ќе придонесе за развојот на Фенербахче и турскиот фудбал, да биде успешно завршен. Вербата на нашите навивачи, нивната силна поддршка и довербата што ни ја укажаа во текот на целиот процес беа нашата најголема мотивација и извор на сила. Сега е време таа енергија да ја пренесеме на теренот и да бидеме со нашиот тим. Заедно ќе веруваме, заедно ќе се бориме и заедно ќе победуваме“, се наведува во соопштението на Фенербахче.
View this post on Instagram
ФИФА ја прифати жалбата, Канте сепак се врати во Европа и по завршувањето на преодниот рок


