ФИФА ја прифати жалбата, Канте сепак се врати во Европа и по завршувањето на преодниот рок
Францускиот играч за врска Н’Голо Канте сепак е нов фудбалер на Фенербахче, откако ФИФА ја прифати жалбата што ја поднесе турскиот клуб и даде зелено светло за трансферот од Ал-Итихад.
Препорачано
Договорот првично беше доведен во прашање поради административна грешка на саудискиот клуб, кој погрешно го пополнил ФИФА-ТМС системот (системот за управување со трансфери). Поради тоа, ФИФА го стопираше трансферот, а Фенербахче вчера дури излезе и со официјално соопштение во кое ги образложи причините за застојот.
По поднесената жалба, реакцијата од ФИФА беше брза, а откако од Ал-Итихад пристигна правилно пополнетата документација, трансферот беше одобрен без дополнителни пречки.
Фенербахче за Канте ќе плати сума од четири милиони евра, а како дел од договорот во Ал-Итихад заминува и Јусуф Ен-Несири.
„Некои приказни траат долго, но никогаш не завршуваат. Добре дојде во Фенербахче, Н’Голо Канте“, порачаа од клубот.
Искусниот француски репрезентативец потпиша договор со Фенербахче до летото 2028 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


