Тинејџери седат во Градски парк / Скопје, септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ЕРАЗМУС доби седум милиони евра, ќе се финансираат 270 образовни проекти

Со зголемен интерес и поддршка од Европската Унија, програмата ЕРАЗМУС во Македонија влегува во нова фаза на развој. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, соопшти дека оваа година се одобрени 7 милиони евра за финансирање на 270 образовни проекти, што, како што вели таа, претставува значаен раст во споредба со минатата година кога биле поддржани 150 проекти.

– Агенцијата е стабилизирана и повторно добива силна доверба од Европската Унија. Оваа поддршка овозможува двојно зголемен број на проекти и нови можности за учениците и наставниците – истакна Јаневска на настанот по повод почетокот на Еразмус деновите.

Во рамки на свеченоста, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја промовираше иницијативата „Еразмус штафета – кутија во движење“. Првата активност се одржа во ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел, каде ученици со претходно ЕРАЗМУС искуство оставија пораки и спомени во специјална кутија, со цел да ги инспирираат идните учесници.

Директорката на Агенцијата, Ана Михајлов, нагласи дека оваа симболична „кутија на спомени“ ќе патува низ училиштата во земјата за да ги поттикне младите да се вклучат во европските образовни програми.

Таа додаде дека во изминатите два месеци се одржале над 200 средби со потенцијални корисници, како дел од посветените напори за унапредување на програмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот