Ер Франс затвора 1.022 работни места

Членови на синдикатот протестираат во базата на компанијата на парискиот аеродром Шарл де Гол.

Авио – компанијата Ер Франс се подготвува да затвори 1.022 работни места во својата нискобуџетна линија ХОП! со цел да се справи со економските последици од корона-кризата, изјави денеска претставникот на синдикатот ЦГТ Жоел Рондел.

Раководството на „Ер Франс” има состанок со синдикатите за плановите за реструктуирање и отпуштања на вработени.

Паралелно членови на синдикатот протестираат во базата на компанијата на парискиот аеродром Шарл де Гол. Синдикалците се посебно огорчени што француската Влада не инстистирала на тоа Ер Франс да ги заштити работните места кога во мај на компанијата и одобриле седум милијарди евра државна помош.

Синдикатите предупредуваат дека бранот укинување работни места ќе се прошири на целата француска економија.

Француските медиуми, уште напоменуваат, дека авиокомпанијата сака да намали 7.500 работни места, првенствено по пат на доброволно заминување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот