Ер Франс ги откажа летовите закажани за вторник меѓу Париз и Киев

 Француската авиокомпанија Ер Франс донесе одлука да ги откаже летовите утре меѓу Париз и Киев. Ер Франс има два лета (вторник и недела) меѓу Париз и Киев, јави дописникот на МИА.

„Ер Франс” ги откажа своите два лета Париз-Киев и Киев-Париз закажани за вторник „со оглед на ситуацијата на лице место и како мерка на претпазливост”, соопшти авиокомпанијата.

„Ер Франс редовно ќе ја преиспитува ситуацијата и ќе потсети дека безбедноста и безбедноста на летовите, на своите клиенти и на своите екипажи, се апсолутен императив”, додаде компанијата во соопштението за печатот. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот