Епидемија која може да го покори светот за 36 часа и да убие 80 милиони луѓе – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Епидемија која може да го покори светот за 36 часа и да убие 80 милиони луѓе

„Патогенот кој брзо се движи има потенцијал да убие десетици милиони луѓе, да ја уништи економијата и да ја дестабилизира националната безбедност“, напишале, заедно со бројните препораки за воведување практики на заштита и ограничување на потенцијалната епидемија.

Појава на болест слична на грипот е голема закана за цел свет, предупредува поранешниот шеф на Светската здравствена организација.

Болеста која се шири на сличен начин како грипот во случај на избивање на епидемија би можела да го заобиколи светот за само 36 часа и да убие преку 80 милиони луѓе, е алармантното предупредување од извештајот на поранешната шефица на СЗО, д-р Гро Харлем Брундтланд.

„Постои реална закана од брзодвижечката високо смртоносна пандемија на респираторниот патоген, која би можела да убие меѓу 50 и 80 милиони луѓе и да уништи 5% од светската земјоделието.“

Таа е на чело на тимот научници кои подготвиле извештај со кој сакаат да ги поттикнат светските лидери на заштита на населението и преземање акции за да се спречи слично сценарио.

Пред еден век шпанскиот грип инфицирал една третина од светската популација и убил 50 милиони луѓе, а научниците стравуваат дека слично би можело да се случи и во иднина, пишува Дејли мејл.

Предупредуваат дека следната пандемија би можела да има уште полоши ефекти, а заканата тоа да се случи е реална, пишува во извештајот под наслов „Светот под ризик“.

„Патогенот кој брзо се движи има потенцијал да убие десетици милиони луѓе, да ја уништи економијата и да ја дестабилизира националната безбедност“, напишале, заедно со бројните препораки за воведување практики на заштита и ограничување на потенцијалната епидемија.

Ја поставиле и картата со локации за избивање на новите инфекции кои имаат потенцијал да предизвикаат епидемија, а поделени се на оние кои се јавуваат за првпат и оние што се повторуваат, а освен еболата, зиката и вирусот напах, се прикажуваат и пет различни облици на грип, болеста на Западниот Нил, жолтата грозница, грозницата денга, антибиотската резистентност…

svijet pod epidemijom | Author: NIAID
NIAID

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close