ЕП на вонредна седница за одлуките на Европскиот совет за буџетот на ЕУ
Европскиот парламент денеска ќе расправа на вонредна седница во Брисел за одлуките на Европскиот совет за буџетот на ЕУ до 2027 година.
Препорачано
Европратениците се очекува да ги изнесат своите ставови за претстојните разговори во резолуција за која ќе се гласа попладне.
Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, објасни вчера дека европратениците ќе бидат подготвени да почнат преговори со Советот на ЕУ и Европската комисија наесен. Според него, мнозинството во ЕП ги поддржува одлуките на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.
Тој истакна дека појаснувањата за распределбата на буџетските ресурси и поврзаноста на нивната распределба на владеењето на правото во европските земји се уште се во очекување.
ЕП, кој го има последниот збор во буџетските преговори, е генерално задоволен од постигнатиот компромис на ниво на земјите членки на ЕУ, но остануваат три „важни теми” на кои оваа институција ќе инсистира, најави Сасоли.
Станува збор за управувањето со Фондот за закрепнување, сопствените буџетски ресурси на ЕУ и суштински прашања за самата седумгодишна буџетска рамка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


