Енди Мареј се откажа од одбрана на олимпиското злато

EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот тенисер и освојувач на златниот медал во поединечна конкуренција на последните две ОИ, Енди Мареј одлучи да се повлече од одбрана на златото поради повреда.

Мареј има проблеми со ногата, односно со квадрицепсот и поради тоа одлучи да не игра против канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим кој директно обезбеди пласман во второто коло.
Сепак, Мареј останува во Токио и ќе ги продолжи настапите во парови.

– Многу сум разочаран што морав да се откажам, но медицинскиот тим ме советуваше да не играм во двете конкуренции. Поради тоа донесов одлука да се откажам од поединечна конкуренција и да се фокусирам на игрите во парови со Џо Солзбери – изјави Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот