Ем немаме струја ем градиме неефикасно енергетски згради

згради аеродром
Фото: МИА

Универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска е децидна дека со цел да добијат поголеми финансиски средства, локалните власти доделуваат одобренија за градби без да водат сметка како тие ќе се затоплуваат.

Наместо да се гради инфраструктура за централно греење во градовите, со што би се штедела електричната енергија, се градат станбени и деловни објекти без да се води доволно сметка за затоплувањето и потрошувачката на струја, вели за „Слободен печат“ универзитетската професорка Марија Зарезанкова Потевска. Таа е децидна дека со цел да добијат поголеми финансиски средства, локалните власти доделуваат одобренија за градби, без да водат сметка како тие ќе се затоплуваат.

Во оваа енергетска криза е особено важно да се спомне градењето на нови објекти што се затоплуваат со струја, а која Македонија ја нема. Тоа е карактеристично за Скопје, но и за другите градови во внатрешноста. Апсурдите немаат крај! Надлежните органи не реагираат, се заборава дека Македонија е енергетски сиромашна земја – предупредува Зарезанкова Потевска.

Неодамна и Јанез Копач, директор на Енергетската заедница со седиште во Виена, нѐ потсети дека земјава ѝ треба и енергетска ефикасност.

Многу трошите струја, зградите се енергетски неефикасни. Трошите струја за греење, а треба да имате централно греење на биомаса или на гас, кое во комбинација со обновливата изворна енергија ќе овозможи долгорочна нормална ситуација – нѐ посоветува Копач.

Меѓу другото, тој препорача јавните институции да штедат и да одржуваат пониска температура во просториите, да се гасне светлото итн.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски уште минатата година најави дека предложиле измени во Законот за градба, со кои секоја нова зграда што ќе добие дозвола за градба во подрачје каде што има топловодна мрежа, да мора да биде поврзано на парно. Дел од инвеститорите се правдаат им е поскапо приклучувањето на системот на парно греење. Неофицијално над дваесеттина нови згради во Скопје, лани не прифатиле да бидат приклучени на централно парно.

Само во септември годинава требало да почнат да се градат 618 станови во земјава, но нема податоци за тоа како ќе се греат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот