Елизабет Ворен се повлекува од претседателската трка во САД

Елизабет Ворен се откажува од трката за демократски кандидат на претседателските избори во САД по нејзиното лошо претставување во неколку американски сојузни држави оваа недела.

Седумдесет годишната сенаторка од Масачусетс ќе разговара денеска со својот тим во кампањата, објавија американските медиуми.

Ворен имаше предност во неколку национални анкети на јавното мислење минатото лето, но не успеа да изгради широка коалиција што ќе ја доведе до успех во „супер вторникот” на 3 март, завршувајќи зад своите колеги Берни Сандерс и умерениот Џо Бајден во 14 држави. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот