Екстремистот Брејвик, кој уби 77 лица, бара предвремено ослободување од затвор

epa08095847 PICTURES OF THE DECADE The accused Anders Behring Breivik (R), who bombed government buildings in Oslo and killed 69 people on Utoya island, arrives at the court for his hearing in Oslo, Norway, 06 February 2012. EPA-EFE/HEIKO JUNGE NORWAY OUT

Адвокатот Ојстејн Шторвик рече дека поднел барање за условна слобода во име на неговиот клиент.

Андерс Беринг Брејвик, норвешкиот десничарски екстремист кој е во затвор поради напади со бомби и пукање во кои беа убиени 77 лица во 2011 година, бара предвремено ослободување од затвор, изјави денеска неговиот адвокат.

Во август 2012 година, Брејвик беше осуден на 21 година затвор за нападите во Осло и во младинскиот камп на Лабуристичката партија во близина на главниот град.

Адвокатот Ојстејн Шторвик рече дека поднел барање за условна слобода во име на неговиот клиент.

Брејвик има законско право на судска ревизија на неговото барање за предвремено ослободување откако ќе отслужи 10 години затвор, минимум кој е наведен во казната, рече неговиот адвокат.

Брејвик, -кој го смени своето име во Фјотолф Хансен, исто така планира уште една тужба против норвешката Влада, жалејќи се дека затворските услови биле во спротивност со неговите човекови права, рече Шторвик. Брејвик претходно неуспешно тужеше поради истите причини. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот