Експресно е уапсен кршачот на вратата на Бугарската амбасада
Полицијата попладнево го уапси 54-годишниот Ш.А. од Скопје, кој вчера го искршил стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Препорачано
– Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода – соопшти Министерството за внатрешни работи.
ВИДЕО: Камерите го фатија напаѓачот што ја скрши вратата на бугарската амбасада
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ш.А. во неделата ја искршил влезната врата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје. Инцидентот е потврден со фотографии и видео, објавени од бугарското Министерство за надворешни работи, кое реагираше остро, оценувајќи го настанот како напад врз дипломатската мисија на државата. На видеото, напаѓачот се приближува до амбасадата и со силен удар замавнува кон вратата, по што заминува.
Муцунски: Нападот врз бугарската амбасада е изолиран инцидент, институциите реагираа брзо


