Експлозија во Пакистан: Повредени најмалку пет лица

Фото: EPA-EFE/NADEEM KAHWER

Според генералниот инспектор на полицијата (АИГ) Шафтат Малик, покрај патот била поставена импровизирана експлозивна направа со два килограми експлозив.

Најмалку три лица, меѓу кои и двајца сообраќајни полицајци, се здобиле со сериозни повреди во експлозија кај Рампура Гејт на патот Ашраф во Пешавар. Експлозијата се случи во деловниот центар на градот, пренесува „Спутник“.

Според полицијата, петмината не биле сериозно повредени. Исто така, има извештаи за две лица загинати во експлозијата, но сè уште не се потврдени од официјалните лица.

Експлозивниот материјал бил врзан за столб кој ја предизвикал експлозијата.

Според генералниот инспектор на полицијата (АИГ) Шафтат Малик, покрај патот била поставена импровизирана експлозивна направа со два килограми експлозив.

Владата на Пакистан на 9 мај објави предупредување за закани за таргетирање јавни места од страна на антидржавни елементи.

Во март годинава, најмалку девет лица беа повредени во експлозија во градот Чаман, во провинцијата Балучистан. Седум лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Квета, Балучистан во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот