Експертите предупредуваат: Носењето на маски не треба да биде задолжително кај луѓето со белодробни заболувања

Profimedia
Фото: Профимедиа

Луѓето со заболувања на белите дробови не би требало да носат заштитни маски ако тоа им предизвикува проблеми со дишењето, велат експертите.

Според лондонски „Дејли меил”, британската Влада сега препорачува на населението да носи маски во случаи кога е тешко да се одржи потребното растојание од најмалку два метра во однос на другите луѓе.

Сепак, поради носење маски на лицето, луѓето кои страдаат од болести како астма, хронична опструктивна белодробна болест или цистична фиброза може да имаат проблем со дишењето – кај астматичарите маските можат да предизвикаат напад на астма, додека кај некои луѓе може да се појави анксиозност.

Од друга страна, доколку не носат маски, пациентите со заболувања на белите дробови се соочуваат со зголемен ризик од сериозната болест Ковид-19 доколку се зарзат со коронавирусот и имаат поголема веројатност да го пренесат вирусот на други, се вели во написот во весникот. Затоа, се препорачува да носат маски за да се заштитат себе си и оние во нивната околина од инфекција, освен ако тоа не им предизвика други здравствени проблеми.

Носењето заштитна маска на лицето е задолжително во повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Австрија, Чешка и Словачка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот