Економијата на Словачка во опасност од колапс

Едвард Хегер/ Фото EPA-EFE/ALBERT ZAWADA

Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс.

Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните.

Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие” економијата, доколку Словачка не добие милијарди евра помош од Брисел, посочи тој.

Словачка проиzведува многу струја, најголем дел во нуклеарните и хидроелектраните, но, нејзиниот најголем производител го продаде вишокот на трговците на почетокот од годината. Тие сега струјата во термински договори ја препродаваат на Словачка по пазарни цени, поголеми и до петпати, пишува Фајненшл тајмс.

– Словаците го купуваат за 500 тоа што го продадоа за 100 евра, истакна тој.

Затоа планот на Европската комисија, за оданочување на дополнителниот профит на производителите на струја, според него, нема да функционира во Словачка.

– Доколку сакаме данок на дополнителен профит, мораме да го воведеме на европско ниво, подвлече премиерот.

Како што проценува, приходот од европскиот данок треба да биде рамномерно распореден меѓу сите членки на Европската Унија, што на Словачка би ѝ донело околу 1,5 милијарди евра.

Тој смета и дека Брисел треба да ослободи пет милијарди евра неискористени средства од фондовите за регионален развој за намалување на енергетските сметки во компаниите.

– Во спротивно, словачките компании ќе се затворат и всушност целата економија може да пропадне, нагласи Хегер.

Доколку Брисел не дојде на помош, „тогаш ќе мораме да ја задржиме струјата за нашите компании и домаќинства за да не пропаднат. Тоа не го сакаме, но, доколку нема друга помош, ќе бидеме турнати кон тоа решение”, тврди премиерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот