ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Македонија и Албанија

Комисијата планира да ги презентира заедно со извештаите за проширувањето, изјави за Писонеро.

Европската Комисија веќе работи на подготовката на рамката за преговорите со Северна Македонија и Албанија, откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло минатиот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврди портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА.

-Комисија сега ги подготвува предлозите за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, кои ќе ги одразуваат принципите врз кои се темелат преговорите. Комисијата планира да ги презентира заедно со извештаите за проширувањето, изјави за Писонеро.

Поради кризата со коронавирусот неизвесно е сѐ уште кога точно ќе бидат објавени овие извештаите, иако се очекува тоа да биде во текот на оваа пролет.

Датумот на првата Меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје на преговорите, треба да го договорат земјите членки на ЕУ откако ќе ја усвојат преговарачката рамка.

Ставот на Европската Комисија е дека тоа треба да се случи „најбрзо што е можно откако ќе се усвојат преговарачките рамки”, вели Писонеро за МИА.

-Процесот на проширување е цврст и заснован на заслуги. Комисија очекува реформите во двете земји да продолжат, вели портпаролката за проширување во ЕК. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот