ЕК ја осуди одлуката на САД да воведе санкции за пет Европејци

Европската комисија ја осуди одлуката на САД да воведе ограничувања за патување на пет европски граѓани, вклучувајќи го и поранешниот европски комесар Тиери Бретон, пренесува Ројтерс.

Како што нагласува Комисијата во соопштението, бара појаснување од американските власти и останува во контакт со нив, и доколку е потребно нема да се двоуми да реагира против овие „неоправдани мерки“.

„Слободата на изразување е фундаментално право во Европа и основна вредност што ја делат Соединетите Американски Држави низ целиот демократски свет. ЕУ е отворен, единствен пазар базиран на правила, со суверено право да ја регулира економската активност во согласност со нашите демократски вредности и меѓународни обврски. Нашите дигитални правила обезбедуваат безбедни, фер и еднакви услови за сите компании, применети непристрасно и без дискриминација. Побаравме појаснување од американските власти и остануваме во контакт . Доколку е потребно, ќе одговориме брзо и решително за да ја одбраниме нашата регулаторна автономија од неоправдани мерки“, стои во соопштението на ЕК.

Соединетите Американски Држави во вторник објавија санкции против пет личности во Европа кои се залагаат за построга регулација на дигиталните услуги. Санкциите вклучуваат забрана за влез, престој и каква било активност во Соединетите Американски Држави, предводена од поранешниот француски комесар Тиери Бретон.

САД воведоа санкции против петмина европски функционери и активисти заради „наметнување цензура“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот