Егоров освои бронзен медал на ЕП во борење

Владимир Егоров освои бронзен медал на Европското првенство кое се одржува во Букурешт, Романија. Тој во категоријата до 57 килограми во борбата за третото место го совлада домашниот борач Андреј Дуков со 7:5 на поени.

Ова е прв медал за Македонија од големите натпреварувања во борење по пауза од 12 години, кога во 2007 година кога исто така со бронзен медал се закити Мурат Рамазанов.

За разлика од Егоров, во категоријата до 92 килограми, Мoгамедгаџи Нуров не успеа да го повтори успехот на Егоров и ја загуби борбата за третото место. Подобар од Нуров беше Гаџиев од Азербејџан кој победи со 5:0 на поени.

Нова шанса Македонија повторно да се впише во листата на освојувачи на медали ќе има утре кога Елемедин Сејфулаху во категоријата до 61 килограм, за бронзеиот медал ќе се бори против Андријан Вок од Швајцарија. Сејфулаху во четвртфиналето загуби со технички туш од Грузиецот Ломтадзе кој пак со пласманот во финалето му овозможи на македонскиот борач утре да се бори за бронзата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот