Една печурка има повеќе витамини и минерали отколку цела чинија зеленчук: Еве што се може да лекува оваа моќна намирница!

Хранливата вредност на печурките е голема, а тие исклучително се богати со протеини...

Овие шумски плодови ги содржат сите есенцијални аминокиселини, а богати се и со витамини, пред се со витамините А, Б, Ц, К, бета-каротен и ергостерол. Богати се и со билни масти, белковини, минерали како фосфорот, натриумот и калиумот, магнезиумот, во помали количини и железо и калциум.

Содржат дури 95 проценти вода, па се одлични доколку држите диета. Покрај тоа, во 100 грама печурки има само меѓу 18 и 23 калории.

Еве зошто е подобро што почесто да ги јадете:

Тие се одличен извор на витаминот Д

Ова е една од ретките намирници која содржи витамин Д. Добро е познато колку овој витамин е добар за зајакнување на имунолошкиот систем, а особено во зимскиот период. Во последно време доста се зборува за позитивното влијание на целокупното здравје, а со оглед дека на сите ни недостасува овој витамин во текот на деновите кога нема сонце, добро е да ги вклучите печурките во вашето мени.

Содржат селен во големи количини

Печурките се одличен извор на селен, кој е есенцијален минерал кој делува како антиоксиданс, ги штити клетките од оксидативен стрес, оштетувања настанати од делувањето на слободните радикали и го спречува развојот на многу болести. Покрај тоа тој игра голема улога во заштитата на имунолошкиот систем.

Штитат од рак

Се смета дека печурките особено штитат од рак на дојка затоа што го запираат ензимот кој е наречен ароматаза, кој го произведува естрогенот, а еден од честите причинители на карциномот на дојка е токму зголеменото ниво на естроген.

Тие се замена за месото

Поради својата текстура која потсетува на месо, едноставно не можат да се вклопат во оброците кога сакаме да го намалиме внесот на месо. Така воедно ќе го намалите и внесот на калории и масти во организмот.

Го зајакнуваат имунитетот

Благодарение на спектарот витамини, тие го зајакнуваат организмот во краток рок.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот