Единствениот кошаркар кој добил Оскар: Коби во емотивен говор пред две години објасни што му значи кошарката (ВИДЕО)

Коби Брајант, кој инаку е петкратен освојувач на НБА прстен, е и првиот кошаркар кој некогаш освоил филмски Оскар.

Светот го потресе веста за трагичната смрт на легендарниот кошаркар Коби Брајант, кој загина при пад на хеликоптер во Калифорнија. Неговите соиграчи, пријатели и обожаватели се уште се во шок и не можат да поверуваат дека светот остана без Коби.

Што навистина му значеше кошарката и колку беше вљубен во овој спорт, единствениот Коби маестрално објасни во краткиот анимиран филм „Dear basketball“, за кој пред две години доби Оскар.

Во овој филм тој ги пренесе сите детали од својата богата кошаркарска кариера.

Брајант, кој инаку е петкратен освојувач на НБА прстен, тој е и првиот кошаркар кој некогаш освоил филмски Оскар.

„Од кога паметам за себе му ги земав чорапите на мојот татко и ги формирав во облик на топка за дадам кош. Се вљубив во тебе“, зборува тој на почетокот од филмот во кој и се обраќа на неа, односно на играта која обожаваше да ја игра – кошарката.

„Таа љубов е толку длабока, целиот и се посветив на кошарката“, додава Коби во филмот.

Фото: Профимедиа

Тој во овој краток анимиран филм открива дека кошарката ја засакал на само шест години, дека и го дал своето срце и дека од неа добил многу работи.

Исто така, Коби открива дека се чувствувал жив додека играл. Во филмот, феноменалниот Коби се збогуваше од играчката кариера.

„Сега навистина дојде време да се збогувам од тебе“, порача Коби.

Филмот е базиран на неговото познато писмо преку кое најави дека ја завршува професионалната кариера, а кое претставува омаж на спортот со кој се занимаваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот