Еден од патниците на „Дајмонд принцес“ кој пристигна во Израел има коронавирус

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Еден од патниците кој во Израел пристигна од крузерот „Дајмонд принцес“ има коронавирус, соопштија денес израелските власти. Ова е прв случај на вирусот во Израел.

Медицинскиот центар Шеба наведе дека заболениот човек се лекува и е во карантин.

Единаесет од 15 Израелци кои беа во карантин на бродот за туристички крстарења кој е всидрен во Јапонија, денес со приватен авион стигнаа во Израел и веднаш се спроведени во карантин во Медицинскиот центар Шеба кај Тел Авив.

Ќе им биде дозволено да излезат ако останат здрави во период од 14 дена, колкушто е потребно за инкубација на новиот коронавирус.

Четири Израелци за кои е потврдено дека се заразени се лекуваат во Јапонија.

Светската здравствена организација наведе дека повеќе од половина од случаите надвор од Кина се на бродот „Дајмонд принцес“, пренесоа израелските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот