Фото: Screenshot

Еден од најдобрите голгетери во ПМФЛ потпиша за Шкендија

Актуелниот македонски шампион, Шкендија, ја засили офанзивата со еден од најдобрите стрелци од првата полусезона во Првата македонска фудбалска лига, Фахд Нзенгуе, кој доаѓа од Брера.

Нзенгу во Шкендија пристигна како слободен играч по раскинувањето на договорот со струмичкиот клуб. Во првата полусезона, тој одигра 16 натпревари и постигна осум голови, што ја потврдува неговата ефективност пред голот.

Нзенгуе е второто засилување за Шкендија во јануарскиот преоден рок, по Дрилон Ислами, кој претходно пристигна од романскиот Клуж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот