ЕАСА: Одбегнувајте го иранскиот воздушен простор

Новото предупредување следи по признавањето на иранските власти дека случајно го собориле украинскиот авион.

Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот (EASA) денеска ги предупреди европските авиокомпании во следниот период да го одбегнуваат иранскиот воздушен простор.

Европската агенција, која на 9 јануари издаде предупредување до европските компании да го одбегнуваат надлетувањето на иранскиот простор на височина под 25.000 стапки (7.620 метри), соопшти дека ова ново предупредување следи по признавањето на иранските власти дека случајно го собориле украинскиот патнички авион над аеродромот во Техеран, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот