Е, ова е патриот! (ВИДЕО)

И додека секојдневно ни „крварат“ очите од гледање повеќе од она што би можеле да видиме, во оваа златна ера за лажните вести, на планетата Земја и е „преку глава“ од нас. Додека се погребуваат глечерите на Гренланд и ни се заканува поплава на голем број крајбрежни градови, кај нас се „поправаат“ шахти, се веат знамиња на концерти и се фотошопираат фотки со лажни Вергина маички, во „културен натпревар“ меѓу македонците – КОЈ Е ПОГОЛЕМ ПАТРИОТ?

Според дефиниција, патриот е тој/таа кој е обземен со љубов кон татковината. Македонските патриоти толку многу си ја сакаат татковината, што секогаш кога некоја наша локација е обземена од фосили од ЃУБРЕ, значи „СЕГА, ТУКА, ОДМА!“  може да ти објаснат „кој е крив“. Во нашиот слободен простор  за Ваши писма, Ваш агол, веќе сме објавувале писма од револтирани граѓани кои се жалат за нашата колективна хигиена. Од мали канти за отпадоци на Матка, до запуштени јавни објекти – ние Македонците немаме никаква култура кога станува збор за НАШЕТО ѓубре. Светла точка во мракот се граѓанските самоиницијативи, активистите како Артивисти.МК, Штип Арт Активизам и Поинаку (кои преку герила акции пробуваат да всадат еко-совест кај граѓаните, иако некои од нивните реализации, „патриотски“ беа вандализирани и отстранети), како и колективот „Не биди ѓубре“, кои ни криви ни должни, ни ја метат секојдневната глупавштина. И додека ние чекаме да им текне на комуналните претпријатија да си ја вршат подобро работата, нам никако не ни текнува дека ако некаде нема канта за отпадоци –  таму некаде, нема ни фрлање отадоци! Бидејќи, секој човек кој е свесен дека живее во многу загадено општество (кое со своите статистики само одмага во најстрашната и најбитна битка на ХХI век која човештвто ја води против загадувањето и климатските промени) би требало да се „стрпи“ и да си го фрли ѓубрето во првата слободна канта за отпадоци, или пак, да си го понесе со себе отпадокот до дома.

Вчера, на нашиот инстаграм-профил споделивме две видеа кои ги забележавме на стори кај едно младо момче. И ете, ако сме вистински патриоти и нè интересира некаква иднина (доколку ни дозволи планетата Земја), најверојатно ова би требало да биде лекција и пример за сите, како еден (млад) човек изреагира на глетката на Дуфски водопад, и што направи после тоа. Би било добро доколку некој од околината го прочита ова, ни прати фотографии или видео дали и сега глетката е иста како на второто видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот