Ѕвездата од „Сексот и градот“ сподели ретка заедничка фотографија со нејзината сопруга

синтија никсон
Синтија Никсон и нејзината партнерка Кристин / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Синтија Никсон, актерката која ја паметиме по улогата на Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“ неодамна објави ретка фотографија со својата сопруга Кристин Маринони по повод десетгодишнината од бракот.

Двете дами позираа прегрнати во Њујорк, а во таа прилика Синтија е облечена во зелена венчаница, а нејзината партнерка во костум и вратоврска во боите на фустанот на невестата.

„Десет години, 27 мај 2012 година“, напиша актерката во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)

Инаку, ова е ретка фотографија на Синтија и активистката Кристин откако се верија во 2009 година во Њујорк на собир за поддршка на истополовите бракови – кога тоа сè уште не беше легално во САД. Во 2011 година, тие го добија синот Макс, а се венчаа една година подоцна, откако беше донесен Законот за брачна еднаквост.

Макс Елингтон Никсон-Маринони го роди Кристин, која потоа целосно се посвети на мајчинството и воспитувањето на нејзините и децата на Синтија.

Тие ја започнаа својата врска во 2004 година, а тоа беше и прва врска на Синтија со личност од ист пол.

„Никогаш досега не сум се забавувала со жена, не сум бакнала жена или нешто друго“, призна Никсон, која објави дека е бисексуална во 2012 година. „Јас сум само жена која се вљуби во друга жена“, додаде актерката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)

Пред Кристин, таа 15 години беше во врска со учителот Дени Мозес со кого ги дели синовите Семјуел и Чарлс.

За потсетување, Синтија го отелотвори ликот на црвенокосата адвокатка Миранда Хобс во култната серија „Сексот и градот“, а по оригиналната серија се појави и во двата филма како и новото продолжение на серијата „And Just Like That“. Синтија доби многу улоги во многубројни филмови и серии, а се најде и во политичките води каде во 2018 година дури и се кандидираше за гувернер на Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот