Ѕвездата од „Хари Потер“, Ема Вотсон, фатена како се бакнува со мистериозен маж

Profimedia
Фото: Профимедиа

Ема Вотсон (34) моментално е на магистерски студии на Оксфорд, а актерката е уловена од фотографите како се бакнува со мистериозен маж, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Парот уживал во слаткарница во близина на Универзитетот, а додека биле на состанок, извор близок до странските медиуми вели дека владеела пријатна атмосфера. Изворот откри и кој е човекот кој ја освоил актерката.

Мистериозниот маж на актерката е наводно нејзиниот колега, студент од Оксфорд, Киран Браун, пишува „Дејли мејл“. Се вели дека докторирал на литература и економија од 19 век.

– Ема студира креативно пишување, а неговата теза е за теоријата на книжевноста – така што имаат многу да зборуваат. Изгледа дека многу се сакаат – изјавил извор за „Д Сан“ (The Sun).

Ема Вотсон е позната по улогата на Хермиона Гренџер во франшизата „Хари Потер“. Таа се повлече од актерството пред пет години, кога изјави дека „се чувствува заробена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот