Ѕвездата на серијата „Мечката“ е фаворит за улогата на Брус Спрингстин во новиот биографски филм
Добитникот на наградата Еми, Џереми Ален Вајт, најпознат по улогата во серијата „Мечката“, е во преговори да глуми во претстојниот биографски филм „Избави ме од никаде“ (Deliver Me from Nowhere), потврди „Дедлајн“.
Вајт треба да ја портретира музичката легенда Брус Спрингстин во најновиот филм од студиото А24, со кое соработуваше на минатогодишната биографска драма „Железната канџа“.
Сценариото и режијата за филмот се на Скот Купер, а заплетот е заснован на истоимената биографија од 2023 година на Ворен Зејнс.
Музиката на Спрингстин беше под големо влијание од неговата борба со депресијата, како и од детството поминато со неговиот татко кој страдаше од истата болест. Книгата на Зејнс опишува мрачен период од животот на музичарот, за време на кој тој работел на албумот Небраска од 1982 година.
Во истиот период, Спрингстин работеше на песните кои две години подоцна завршија на неговиот најпознат албум, „Born in the U.S.A“.
Спрингстин и неговиот менаџер Џон Ландау исто така ќе соработуваат на филмот. Познатиот музичар веќе освои еден Оскар за песната „Streets of Philadelphia“, која се појави во филмот Филаделфија од 1993 година.
ВИДЕО | Брус Спрингстин падна на сцената и ги преплаши обожавателите