Ѕвездата на „Пријатели“ се откажа од ботокс по несакани последици: „Завршив со тоа“
Лиса Кудроу (62) одлучила, како што изгледа, засекогаш да се откаже од ботокс по непријатните несакани ефекти што ѝ ги предизвикале инјекциите против брчки.
Препорачано
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends) откри дека по третманот имала иритација на очите, како и необичен траг на челото, поради што решила да стави крај на користењето на популарниот неуротоксин.
Актерката за „Холивуд репортер“„Холивуд репортер“ објасни како ботоксот влијаел врз неа.
„Мислам дека придонесе за иритацијата на моите очи и за овој чуден образец на челото, така што веројатно сум готова со тоа“, изјави Кудроу.
Таа со ботокс почнала да експериментира дури за својот 60. роденден.
Кудроу призна дека има страв од стареењето и дека ѝ е чудно што обожавателите и понатаму ја препознаваат.
„Ме плаши помислата дека еден ден ќе изгледам како мојата баба, но во исто време се радувам што ќе можам да играм постари улоги“, рече таа.
Иако често е пофалувана што старее природно, актерката откри дека на 16 години направила операција на носот која ѝ го променила животот.
„Во мојата глава од ‘грда’ станав ‘негрда’. Тоа беше голема, голема промена“, изјави таа за „Сатердеј ивнинг пост“.
Во 2024 година, во поткастот „Армчејр експерт“, Кудроу зборуваше за одлуката да избегнува дополнителни естетски интервенции.
„Не осудувам никого што го прави тоа. Многу луѓе изгледаат одлично, но јас се плашам дека, ако нешто тргне наопаку, би можела да изгледам постаро и изменето“, објасни таа.


