Ѕвезда на Нетфликс завршила во болница, откако се пресметала со вооружен крадец кој ѝ упаднал во домот
Јужнокорејската актерка и пејачка Нана заврши во болница по брутална провала во нејзиниот дом. Триесет и четиригодишната ѕвезда на Нетфликс, била со својата мајка кога маж во триесеттите години провалил во нејзиниот дом во предградие на Сеул, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Осомничениот, кој имал оружје, им се заканил на актерката и нејзината мајка и побарал пари и накит. Според агенцијата што ја застапува Нана, таа и нејзината мајка успеале да го совладаат натрапникот додека не пристигнала полицијата, но и двете имале потреба од медицинска помош по инцидентот, како и крадецот.
„Рано утрово, вооружен крадец провалил во куќата на Нана. Крадецот ги нападнал Нана и нејзината мајка, кои и двете претрпеле сериозни физички повреди додека се обидувале да го совладаат крадецот. Моментално, и двете се во болница“, рекол агентот.
Детективот што работи на овој случај изјави дека крадецот е приведен под обвинение за тешка кражба. Нана сè уште не проговорила за инцидентот.
Патем, Нана првпат се здоби со слава во 2009 година како членка на женската к-поп група „Афтер скул“.
Од оваа група, таа потоа формираше бенд наречен „Оринџ карамел“, со уште двајца изведувачи, кој беше активен од 2010 до 2016 година.
Од 2014 година, Нана го насочи своето внимание кон глумата и глумеше во многу популарни јужнокорејски драми, вклучувајќи го и хитот од 2016 година „Добрата жена“.
Таа глумеше и во криминалистичките серии „Убиј го“ и „Правда“, кои првпат беа емитувани во 2019 година. Нана се појави и во јужнокорејската серија на Нетфликс „Грешка“, која беше објавена во октомври 2022 година. Таа го издаде својот прв соло албум во септември.


