Џорџ Клуни за деновите пред славата: „Сечев тутун за три долари на час“

Фото: Profimedia

„Момците во чамецот“ („The Boys In The Boat“) е најновиот филм во режија на американскиот актер Џорџ Клуни. Тоа е инспиративна вистинска приказна за веслачкиот тим на Универзитетот во Вашингтон, кој со минимални шанси победи на Летните олимписки игри во Берлин во 1936 година. Филмот е адаптација на истоимената книга на Даниел Џејмс Браун, која е моќно книжевно дело за оваа група аутсајдери кои го постигнаа невозможното.

Животното искуство на Клуни му помогнало да го разбере духот на книгата и лично да се поврзе со приказната. Имено, познатиот актер израснал на скромната тутунска фарма на неговите баба и дедо во Кентаки. Како што откри на неодамнешната премиера на филмот во Лос Анџелес, тој заработувал џепарлак со сечење тутун.

„Сечав тутун за три долари на час. Ние преживувавме на тој начин. Немавме пари, но никој од мојата околина немаше пари. Никој од нас не помислуваше дека сме сиромашни. Обработката на тутунот не беше најлесната работа, но не е ни приближно до она што го прават веслачите во филмот. Нивниот влог бил многу поголем. Тие навистина работеле напорно. Веслале затоа што тоа бил единствениот начин да останат на факултет“, изјави Клуни за „Венити фер“.

Актерската екипа на филмот „Момците во чамецот“ / Фото: Profimedia

Спортската драма на Клуни се фокусира на ликот на Џо Ранц, кој го игра Калум Тарнер, сиромашен млад човек напуштен од неговиот татко и маќеа. Тој добива место во веслачкиот тим на неговиот универзитет и им се придружува на осум други момци со различни животни искуства, кои на крајот создаваат нераскинлива врска.

„Се поврзав со приказната затоа што ми се допадна идејата луѓето да се борат да најдат начин да преживеат. Темата на филмот се издигнува над сите неволји и моќта на заедништвото. Кога се поддржуваме едни со други, на сите им е подобро“, заклучи Клуни.

Филмот ќе почне да се прикажува од 25 декември, денот кога католиците го празнуваат Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот